Кога зборуваме за Охрид, зборуваме за вечноста

„Охрид треба да се смета како свето место за планетата, не во религиозна смисла. Таму треба да е тишина, да владее мирот, тоа може да е и во преносна смисла. Треба на раат да се остават природата и животните, не зборувам само за Блатото, Лагадин, Галичица, туку и за градот, кој веќе нема мир. Треба да се стопира сѐ што се гради и што се планира. Треба да биде тишина. Ние сме среќни што го имаме тоа место, а не некој друг. Некои други биеле војни за него, а ние го имаме и можеме сами да го уништиме од глупост. Се надевам дека ќе се најдат разумни луѓе кои ќе ги отрезнат оние кои се зашеметени од краткоречен финансиски интерес. Кога зборуваме за Охрид, зборуваме за вечноста“, вели режисерот Иван Поповски, кој веќе 25 години живее и работи во Москва и стана еден од најомилените и најнаградувани театарски режисери во Русија.

 

Како што пишува сдк.мк, Иван во септември во Скопје доаѓа со фестивал, „Иван се враќа дома“. Ќе бидат изведени три негови исклучително скапи и технички комплицирани претстави, па поради нивната грандиозност и наградите што ги имаат освоено, поради векот на траење и интересот кај публиката во светски рамки, Поповски со матичниот театар „Мастеркласаја на П.Фоменко“, ова гостување го нарекуваат фестивал. Радосни и благодарни се што за мецена имаат пријател во голема руска банка, зашто велат ова е прво вакво големо гостување, со неколку претстави во истовреме надвор од Русија, и покрај тоа што многу патуваат, и се препознаени во целиот свет.Последна поставка на Иван по долг период отсуство во Македонија е „Мајсторот и Маргарита“ во МНТ, а тој со секое негово доаѓање во земјава не заборава да го спомне Лагадин каде што одмара, и Охрид, апелирајќи за нивна заштита.Големиот Иван Поповски награден со одличја од рускиот претседател, од критиката, од повеќеилјадната руска публика, со највисоките признанија, Златна маска, Ѕвезда на Русија, во пресрет на гостувањата во септември дојде со тим од театарот за тонски превод на претставите покрај класичниот титл.

Извор:сдк.мк

Social profiles