Канео фест по 16 ти пат во Охрид

Фестивалот „Канеофест 2017“ ќе го одржи своето 16-то издание,и оваа година во организација на Телевизија Морис,на 02.07.2017 год(недела),со почеток во 21 часот.

 

За прв пат оваа година фестивалот добива локација во центарот на градот,односно на градското пристаниште, непосредно во близина на споменикот „Фаќач на крст“,што значи дека фестивалот ќе биде отворен за сите посетители.

Фестивалот е од натпреварувачки карактер.Ќе бидат изведени над 30 новокомпонирани македонски забавни и народни мелодии,од кои ќе бидат одбрани најдобрите,од страна на стручното жири,ама и присутната публика ќе има можност да гласа по пат на бодување,како би биле одбрани најдобрите композиици според публиката.Бележиме учесници речиси од сите градови од Република Македонија.

„КанеоФест“ 2017  е поддржан од Општина Охрид.

 

Social profiles