Нема загрозени Македонци во силното невреме на Халкидики

Големо невреме во туристичкото место Торони на вториот крак во Грција. Обилни дождови и поплави. Водата носела сè пред себе.

 

Оштетени се многу автомобили на туристите. А туристи што биле сместени на првите катови во објектите биле евакуирани.

Интензивните врнежи што ја погодија цела Грција предизвикаа поплави на патиштата особено на патот Лариса-Кожани и Ситонија, вториот крак на Халкидики, каде што во Торони, Порто Куфо и Тристиника дошло до поплавување на паркирани возила и заглавување на десетина туристи. 

Во конзулатот во Солун е примен повик од едно македонско семејство кое е на летување, но истото не се наоѓа во опасна загрозувачка ситуација.

Social profiles