Обука за охридските фирми- Како да го подобрат бизнисот?

Здружение на граѓани „Центар за климатски промени“ – Гевгелија, подружница Охрид во соработка со Општина Охрид во рамките на проектот „Поддршка на прекугранично претприемништво/Транснационален бизнис консултант“ (SCBE/TBC), финансиран од Европската Унија преку „ИПА програмата за прекугранична соработка на Република Македонија и Република Грција 2007-2013“ ќе организира обука за мали и средни претпријатија во Хотел Милениум во Охрид од 25-28 јули 2017 година.

 

Обуката ќе биде фокусирана на актуелните теми од областа на претприемништвото (со посебен осврт врз практичниот дел за подготовка на добар бизнис план). За време на обуките компаниите ќе имаат можност да го збогатат своето знаење за тоа како да го подобрат својот бизнис односно како да ја зголемат конкурентноста, подобро да управуваат со трошоците, добро да се позиционираат на пазарот, а воедно и да развијат и имплементираат добра маркетинг и пазарна стратегија.

Обуката ќе резултира со подобрено практично искуство за подготовка на добар бизнис план за компаниите учеснички и подготвени бизнис планови за сите учесници кои подоцна ќе бидат и соодветно сертифицирани.
Активностите и резултатите од обуката ќе бидат достапни за јавноста преку официјалната веб страна на Центар за климатски промени www.ckp.org.mk, преку официјалната веб страна на Проектот www.scbe-tbc.eu, преку официјалната Facebook Fun страна (https://www.facebook.com/scbe.tbc/), како и преку локалните електронски медиуми.

Social profiles