Таравари за смртта на двегодишното девојче од Охрид рече дека се чека обдукцискиот наод.
Според првичниот лекарски извештај се работело за вироза, по дадената терапија девојчето било пратено дома, подоцна починало. Министерот истакна дека надлежните го следат случајот и доколу има лекарска грешка, за одговорните ќе има казни.
Формирана е Комисија во Министерството за здравство и ги чекаме резултатите од обдукцијата за починатото дете од Охрид. Имаме и извештај од дежурниот лекар. Ако има лекарска грешка за смртта на двегодишното девојче во Охрид, некој ќе мора да одговара. Ќе ги почекаме резултатите од обдукцијата и јас ќе инсистирам, доколку резултатите покажат дека се работи за лекарска грешка, да има одговорност, остакна Таравари.