Почна учебната година

Повеќе од 20.000 првачиња денес седнаа  во училишните клупи во новата 2017/2018 година.

 

Од нив наставата на македонски јазик ќе следат 13.218 првачиња, на албански јазик 6.419 ученици, на турски 738, на српски 16 ученици и 46 на босански јазик.

Во средните училишта,  се запишани вкупно 17.364 ученици во прва година. Што се однесува до учебниците, од Министерството за образование и наука велат дека за оние учебници во кои се пишува ќе бидат дистрибуирани до училиштата најдоцна до 15 септември, а истиот рок важи и за дистрибуција на најголемиот број други учебници.

 

Social profiles