ФОТО: Одбележани осум години од потонувањето на бродот „Илинден“

Охриѓани денес се присетуваат на кобниот петти септември, кога пред осум години се случи најголемата бродска несреќа во историјата на Охридското езеро.

Пред осум  години беше топол септемвриски ден, сончево , а езерото мирно, ништо не навестуваше дека ќе се случи една голема трагедија.

Несреќата се случи утрото во 10 30 часот, бродот кој превезуваше 57 патници, бугарски туристи на релација Охрид- Сети Наум се преврте и потона на 250 метри од брегот на езерото, кај автокампот ‘Елешец‘

Трагедијата имаше и судска разврска. Капетанот Сотир Филески, кој го жртвуваше својот живот во битката да спаси што поголем број патници, беше осуден на една година затвор. Затворска казна за несовесна оценка на техничката исправност на бродот доби и Бранко Баиќ, претставникот на германската осигурителна копманија ЛОЈД.

Од 5 септември 2009 година до денес преземени се низа мерки и активности со кои е подигната безбедноста во водениот сообраќај.

Бродот „Илинден“ беше  изграден во далечната 1924 година, од потонувањето до денес осум  цели години, стои во каналот “Студенчишта”, како нем сведок на солзите, тагата и врисоците на жртвите во најголемата бродска трагедија во земјава.

 

Делегација на Општина Охрид, Бугарскиот конзул во нашата земја Веселин Богданов, претставници на Бугарскиот културен центар од Скопје и членови на Здружението “5 Септември“,денес  положија свежо цвеќе пред спомен обележјето во градскиот парк.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Новинар Соња Рилковска

 

 

 

 

Social profiles