Се повеќе жени и деца стануваат насилни ектремисти

Голем број земји во светот, меѓу кои е и Република Македонија се соочуваат со насилниот екстремизам и радикализацијата и справувањето со овие современи ризици е еден од клучните приоритети, рече министерот Оливер Спасовски во обраќањето на меѓународната конференција „Справување со предизвици од насилен екстремизам и радикализација кои водат кон тероризам: менаџирање и преговори во кризни ситуации предизвикани од насилен екстремизам и радикализација кои водат кон тероризам“, која оваа недела се одржува во Охрид во заедничка организација на МВР и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

-Проблемот е во идеологијата на екстремизмот и тероризмот, а не легитимното религиозно верување- потенцираше министерот Спасовски, додавајќи дека не смееме да дозволиме екстремистички организации да се спротивставуваат на нашите вредности за универзални човекови права, еднаквост пред законот, демократијата и целосното функционирање на нашето општество.

 

Се повеќе   жени и деца, кои    војуваат  на странските боишта. Од Република Македонија 150 лица заминале во завојуваните краишта на  Блискиот и средниот Исток,  околу шеесеттина од нив се вратиле назад.

Експертската јавност особено ја загрижува индоктринацијата,  залажувањето на младите особено на децата.

-Заминуваат таму водени си од некакви си мотиви претпоставувам дека се  финасиски барем до сега нема некој си релеватни и потврдени податоци за тоа од каде и за што доаѓаат меѓутоа во основа заминуваат таму прептоставувам дека материјалниот мотив е онај кој што води и опасноста е што иситите тие сепак немаат изгадено карактер,не се полнелетни и многу лесно може да се манипулира со истите и тие се потрнцијални еветуални извршители на неккави си терористички акти, вели .Злате Димовски-универзитетаки професор.

Конференцијата што се одржува во Охрид во следните три дена претставува втора меѓународна конфренција, која што ќе прерасне во традиционален настан како дел од редовните активности на МВР за зајакнување на капцитетите на Специјалните полициски единици.

Social profiles