Патриотското здружение од Охрид „Методи Патчев“ организираше хуманитарен турнир Streetball.
Турнирот се одржа денес на спортското игралиште кај Економското училиште „Кирил и Методиј“. Секоја екипа со три членови партиципираше со 600 денари. Турнирот беше отворен учествуваа охриѓани кои сакаа да се рекреираат и да бидат хумани. Учество зедоа дел од советниците на Вмро Дпне и членови на УМС на истата партија. Собраните средства ќе бидат намемнети за помош на социјално загрозено семејство.