50 СТРУШКИ ПЕНЗИОНЕРИ НА БАЊСКО – КЛИМАТСКА РЕКРЕАЦИЈА ВО ДЕБАР

 

Последната група струшки пензионери кои мошне беа заинтересирани за остварување на проектот бањско климатска рекреација што тие ја искористија главно во Дебарските – Косоврашките Бањи „Цапа“.

И ако интересот беше поголем од можностите говори податокот што оваа 2017 година до филијалата на ПИОМ во Струга се поднесоа преку 200 барања за користење на ваква рекреација.Годинава од почетокот на сезоната (март-ноеври) ова право го искористија 50 пензионери.

Струшките пензионери Дафина,Радмила,Борка,Зорица и други си заминаа презадоволни од престојот во Косоврашките бањи,кои нудат високо квалитетни услуги рамни на хотелски,се нуди разноврсна и квалитетна храна,а уште подобар прием имаа на здравствениот персонал и се почитуваат третманите препорачани од матичните лекари што треба да се извршуваат согласно лекарсјите наоди и препораки.


Додека пак машките струшки пензионери Анџелко Будиноски,Виктор Дишлиоски,Стојан,Нуредин,Љупчо,Климе и други за нивниот престој во Дебарските-Косоврашките Бањи го оценија повеќе од задовоство бидејќи многу им помогна во подобрувањето на здравјето и продожувањето на животот.
Пред да заминат од бањите „Цапа“од Дебар,се искажаа дека доколку,е можно,повторно би ги користеле ваквите услуги,бидејќи бањското лекување на секој пензионер му е потребно од разни причини.
Секој пензионер би посакал повторно да користи ваков вид рекреација,која е неопходна,особено во третат доба на живот,кога здравјето е малку нарушено.
Убавот време кое ги послужи двете групи кои престојуваа од 19 до 29 и од 29 до 5 октомври,самостојно се организираа и ги постија двата манастира во овој крај Св.Јован Бигорски,потоа во живописниот мансатир во селото Рајцица .


Во најпознатиот манастир во Македонија Св.Јован Бигорски,го разгледаа прочуениот иконостас и иконата на СВ.Јован Крстител за која се верува деека има чудотворна маќ.По својата привлечност исто така,познат е и женакиот манастир Св.Георги Победоносец,духовно светилиште во село Рајчица –Дебарско.Сестрите од манастирот со задоволство ги прошетаа љубопитните струшки пензионери низ манастирските конаци,им ја покажаа зогравската работилница им ја открија мајсторијата за изработка мирти,шивачката работилница и друго,ги послужија со кафе и чај и локум изработен во тој манастир.


Сите пензионери се уверија дека светилиштата кои ги посетија се вистинско духовно богатство во цела Македцонска православна црква.Си запалија свеќи за свое здравје и здравје на фамилијата и задоволни заминаа.
Пензионерите од Струга беа изненадени и презадоволни од посетата на ИО на Здружението на пензионери од Струга,предводени од претседателот Милорад Трпоски,потпретседателот Аслани Зија и Секретарот Идриз Мустафаи,кои ги посетија пензионерите во Дебарските бањи,и се запознаа со условите каде што беа сместени.
СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

 

Social profiles