Угостителите бараат нова стратегија, се жалат на високите казни

Угостителите bараат од државата да се изготви национална стратегија за нивниот сектор.

Со години се жалат, но никој не реагира на нивните барања. 

Нивните анализи  велат дека дел од угостителите алармантно го искористуваат трудот на вработените. Само 20 % од нив се уредно пријавени и им се плаќа за пензиско и здравствено осигурување. Побараа и промена на работното време, односно секој ден рестораните и кафулињата да работат до 1 часот по полноќ.

Угостителите се пожалија и на селективниот однос на инспекциите, но и на високите казни кои ги добиваат редовно, иако не прекршиле и ниту еден закон. Велат секогаш кога има недостаток на пари во државната каса, токму угостителските објекти се први на удар. Дополнителен проблем е и недостатокот на кадар во угостителството.

Новоформираното угостителско здружение „Хорекаши“, своите барања ќе ги достави до ресорните министерства и очекува позитивен одговор, бидејќи како што велат од нивната работа егзистираат илјадници граѓани. Доколку работите имаат напредок ветуваат и зголемување на платите на работниците во овој сектор.

Познавачите велат дека во угостителството е потребна поголема соработка помеѓу образовните институции и приватниот сектор, поголема практична работа за навремено и професионално учење на идниот кадар во угостителството.

Social profiles