ОСБСП им подели сообраќајни лектири на третоодделенците

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Охрид,согласно програмата за работа за 2017 година, денеска отпочна со реализација на едукативната кампања „Безбедноста е најважна лекција“.

Едукативната кампања „Безбедноста е најважна лекција“ започна денеска во 10 часот во ОУ „Григор Прличев“ каде, на средбата со учениците од трето одделение присуствува претставници од ОСБСП Охрид и униформиран полициски службеник од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај од Охрид, кој помогна во практичната реализација на кампањата и низ разговор со учениците, ги запозна со основните сообраќајни правила и прописи.

Кампањата, ќе се реализира во текот на овој месец во соработка со Републичкиот Совет за безбедност во сообраќајот заедно со учениците од трето одделение при основните училишта во Охрид, изјави претседателот на ОСБСП Охрид, м-р Стефан Димоски. Додава дека во текот на месецов,претставници на ОСБСП, да ги посетат основните училишта и на третоодделенците да им поделат сообраќајно-едукативна брошура „Сообраќајна лектира“, во која, илустративно се поместени неколку основни правила и прописи за безбедно учество во сообраќајот.

Целта на оваа сообраќајно-воспитна манифестација, која е отпочната од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, е  едукација и издигнување на сообраќајно-техничката култура кај најмладите, запознавање со сообраќајните правила и прописи и нивно максимално почитување со цел подобрување на безбедноста на сообраќајот, нагласува претседателот Димоски.

 

Social profiles