Во Република Македонија се одржуваат шестите по ред локални избори.Изборниот процес започна вчера со гласање на затворениците, болните и изнемоштени лица.
На локални избори, се бираат советници и градоначалници во 80 Општини плус Град Скопје.На шестите по ред локалните избори, со кандидатски листи за градоначалници и за советници учествуваат вкупно 260 кандидати од 19 партии и коалиции, како и 64 кандидати предложени од група избирачи (независни кандидати). Од 260 кандидати за градоначалници, 15 се жени.Право на глас на локалните избори имаат 1.814.644 гласачи.
Според Изборниот законик, за да биде избран градоначалник во првиот круг на гласање треба да излезат третина од запишаните гласачи во соодветната Општина, а половината од нив треба да гласаат за еден кандидат.Ако во првиот круг на гласање ниту еден кандидат не го добил потребното мнозинство гласови, во втор круг се гласа за двајцата кандидати кои добиле најповеќе број гласови.Вториот круг се одржува во рок од 14 дена од завршувањето на првиот круг.Во вториот круг за гласање на градоначалник, ќе биде избран оној кандидатот кој добил поголем број гласови.Во случај да има само двајца кандидати, може да се случи кандидатите да се во мртва трка, дали ќе има втор круг, ќе одлучат неважечките гласачки ливчиња, кои влијаат на бројот на излезени гласачи.Вториот круг на локалните избори ќе се одржи на 29 октомври.
За следење на изборите во Државната изборна комисија досега се акредитирани 5.011 домашни и 373 странски набљудувачи. Во ДИК за следење на изборите досега се акредитирани шест новинари.