Погребалниот оператор ‘‘ Мирен Сон‘‘ од Охрид отвори нова, современа мртовечница.
Потребата од оваа основна дејност се наложи по претходно направените опсежни анализи, согледувајки дека на Охрид му е потребна мртовечница која во целост ќе ги задоволува европските, но и стандардите на нашата земја.
За ставање во функција обезбедени се сите законски одобренија од надлежните органи.
Менаџерскиот тим на ‘‘ Мирен Сон‘‘ процени дека оваа мртовечница пред се ќе функционира во интерес на граѓаните на Охрид и пошироко во регионот. За таа цел мртовечницата е опремена со два ладилници за чување на починатите лица кои имаат функција на одржување и замрзнување, а по карактеристики и капацитет ги задоволуваат сите стандарди.
-Имајки во предвид дека Охрид е еден од поголемите градови во Република Македонија, а истовремено и најголем туристички центар голем проблем до сега ни претставуваше чувањето на починатите лица на подолг временски период. Тоа се однесува на случаите во кои од странство се чека да пристигнат најблиските роднини на починатите лица, а често се случува и странски државјани за жал да починат во нашата oпштина. Бидејки до сега во нашата oпштина и пошироко немаше современа мртовечница од ваков тип, принудени бевме некои починати лица да ги носиме во Битола и Скопје и повторно да ги враќаме назад, вели Даниела Кузманоса од „Мирен сон“.
Граѓаните ќе имаат помали трошоци, за замрзнување нема да мора телата на своите блиски да ги носат во Битола или Скопје.
-„Само овие аспекти доволно говорат колкава е потребата од оваа мртовечница со која погребалниот оператор ‘‘ Мирен Сон‘‘ го решава овој горлив проблем во Охрид.
Како сериозен и одговорен погребален оператор во предвид го зедовме и финансискиот аспект. Во таа насока одлучивме цената да биде двојно пониска од онаа што досега граѓаните ја плаќаа за користење ладилници кои до сега ги изнајмувавме’“, вели Денис Шибакоски од операторот „Мирен сон“.
Не застануваме тука. Ние како погребален оператор и во иднина ќе продолжиме да ги следиме и применуваме светските трендови за обавување на нашата дејност, која што е специфична, но истовремено бара ангажман не само на кадар туку и на современа техника и технологија, дополнуваат од погребалниот оператор.
Капацитетот на новата мртовечница е 24 лица одеднаш.
ФОТОГРАФИИ: