Навреме отворени сите избирачки места во Охрид

Сите избирачки  места во општина Охрид беа отворени точно на време во 7 часот утрово. Бе зникакви проблеми, во фер и демократска атмосфера тече изборниот процес.

 

Веќе сме во обиколка на избирачките места. Сите се навремено отворени и граѓаните може да го остварат своето право на глас, информира претседателот на ОИК Димитрие Вревезоски.

Во Охрид право на глас имаат вкупно 52833 гласачи. Вчера гласаа болните и затворениците. 

Social profiles