Педесетгодишен континуитет успешна рбаота на познатата адвокатска канцеларија Гоџо- Кичеец – Новакоски во Охрид. Синоќа во присуство на голем број граѓани, познатите адвокати го прославија овој значаен јубилеј.
Традицијата започнала уште во далечната 1967 од страна на нивните родители кои исто така биле адвокати за со тек на време да добива различни форми на организирање на адвокатурата. Адвокатсткото друштво има светла иднина , бидејќи и нивните деца ја продолжуваат традицијата. Најголемиот дел од вработените ги носат истите презимиња Гоџо, Кичеец и Новаковски.
-„Овој пат започнал во далечната 1967 година. Нашите родители Томе Кичеец и Петар Гоџо започанале со адвокатска дејност токму на 13 октомври 1967 година. Томе Кичеец отворил отворил канцеларијан, а две недели подоцна и мојот татко, кој за жал не е тука вечерва да се радува на овој значаен јубилеј“, рече Александар Гоџо.
-„Адвокатското друштво во моментов брои 11 адвокати плус стручни соработници и приправници. Ова е најголемо адвокатско друштво надвор од Скопје. Ние се трудиме, со многу труд , со доверба на нашите клиенти да го оправдаме нашето постоење.После нас има кој да продолжи. На овој јубилеј се запиша и најмладиот адвокат Михаил Кичеец, а претходно беше и Томислав а следат мојата ќерка, децата на Ристе и Драган“, рече во своето обраќање Игор Кичеец.
-„Сакам да му се заблагодарам на чичко Томе кој пред 50 години го почнал овој трновит пат на адвокатурата.И на мојот покоен татко, и на мојот брат. Заедно сите успеавме успешно да се занимаваме со оваа дејност како во нашата република така и надвор.“ , рече Ристе Новакоски.