Институтот Охрид-Скопје ќе ги следи изборите

Шестите по ред локални избори во Република Македонија ќе ги следат 5.011 домашни и 373 странски набљудувачи, како и шест странски новинари, акредитирани од ДИК.

Со 125 набљудувачи, денешниот изборен процес во Македонија ќе го следи и Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид – Скопје. Инстиутот, на 22 минатиот месец објави повик за набљудувачи на локалните избори 2017, по што беше организирана целосна обука за стручно и професионално следење на изборите.

Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид – Скопје е еден од 5011 домашни набљудувачи, меѓу кои, најголем број набљудувачи има МОСТ – 2.843 потоа Здружението на граѓани ЗХА „Синергија“ – Штип 1.829, Цивил – Центар за слобода 191, Центарот за разбирање и институционална соработка Скопје – ЦРИС Скопје 17 и Македонскиот центар за култура и развој шест набљудувачи.

Од странските, најголем број набљудувачи има Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, вкупно 198, потоа Амбасадата на САД во Македонија 33, Делегацијата на ЕУ 23, Меѓународниот студиски центар за избори (IESC) 18…
Набљудувачи имаат акредитирано и Канцеларијата на НАТО во Скопје и амбасадите на Руската Федерација, Албанија, Австрија, Франција Велика Британија, Шведска, Унгарија, Кралството Холандија, Италија и Словачка во Македонија.Во ДИК се акредитирани и 294 преведувачи.

Social profiles