Пецаков: ВМРО ДПМНЕ ќе се врати посилно!

Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Кирил Пецаков на својот фејсбук профил го призна поразот на локалните избори.

 

-Да сте ми живи и здрави!
Ви благодарам на сите за поддршката, му благодарам на секој еден член на ВМРО ДПМНЕ ОК ОХРИД , на секој претседател на МК, на секој член на ОИШ за овие избори и на секој наш симпатизер и гласач на овие избори…
По природата на нештата посебно од политички аспект едни доаѓаат други заминуваат!! Ама…
ВМРО ДПМНЕ ЌЕ СЕ ВРАТИ ПОСИЛНО ОД КОГА И ДА Е!
Од утре почнуваме со работа!, напиша Пецаков.

Честитки до новите градски власти упати и Ангел Јанев, заменик градоначалникот на општина Охрид. 

-Честитки за новиот градоначалник г.нот Јован Стојаноски и на сите советници од новиот состав на советот на општина Охрид. Посакуваме успешна работа и успешно раководење со локалната на Охрид – служење на граѓаните и на интересите на граѓаните на овој прекрасен град. Честитки и за сите останати учесници, граѓани, партии, кандидати,.. во овој изборен процес. Енергијата во минатиот изборен процес, во Охрид, на сите чинители, повеќе од позитивна, .., напиша Јаб=нев на фејсбук. 

 

Social profiles