ЕЛЕМ го поништи тендерот за изработка на проект за катната гаража во Охрид.
Изградбата на планираната катна гаража во Охрид се ревидира како проект. Поништен е тендерот за избор на проектантско биро што требаше да го проектира и ревидира основниот проект за катната гаража во центарот на Охрид. „Поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган“ се вели во образложението објавено на веб-страницата на Бирото за јавни набавки.Изградбата на две катни гаражи во Охрид беше ветување на владата на ВМРО-ДПМНЕ за решавање на проблемот со паркирање во Охрид. ЕЛЕМ во минатите години сопствени средства инвестираше во реновирање и модернизирање на Конгресниот центар во Охрид но и на други објекти во Скопје, Попова Шапка, и други проекти.