Бизарни семејни драми во охридско

За десетина денови пет пријави за семејно насилство во охридско. Последната пријава е денес против 56 годишна охриѓанка, која го заклучувала и малтретирала својот 34 годишен син. Возрасниот маж трпел закани, навреди, а поради страв му се влошила здравствената состојба и често барал лекарска помош.

Вчера пријава заработи маж од селото Лешани, кој безмилосно, со клоци и тупаници ја претепал 29 годишната сопруга, која завршила во болница.

-„Во првите девет месеци од оваа година на подрачјето на Охрид регистрирани се вкупно 43 казнени дела поврзани со семејно насилство исто толку лица се регистрирани како извршители , дподека вкупно 44 лица се евидентираат како жртви на семејното насилство. Во овој изминат период од оваа година СВР Охрид има поднесено 41 кривична пријава“,вели Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.

Полицискиот билтен бележи повеќе бизарни семејни драми. Пред неколку денови , 64 годишен маж од селото Шипокно со стап ја претепал поранешната сопруга, која завршила во болница. Во друг случај баба , исто со стап го претепа дедото. Според статистиката мажите се најчести извршители на семејното насилство , а жените жртви.

-„Жртви на семејното насилство најчесто се жени потоа мажи и останати членови во семејството. Местото каде што се извршува семејното ансилство најчесто е семејниот дом и започнува најнапред со вербална жестока караница помеѓу партнерите но и останатите членови во семејството“, додава Димоски.

Регистрирани се и поинакви ситуации кога децата креваат рака на своите родители. Малолетник од Охрид, после расправија го удрил својот татко по глава за што заработи кривична пријава. Син ги тепал своите родители, им ја земал облеката и им ја запалил среде соба. Во кавга за пари внук ја истепа својата баба, а син родената мајка.
.Пред десетина дена насилник, кој ја тепал сопругата, ги нападнал и повредил и полицајците кои пристигнале да интервенираат.

Според психолозите најчестата причина за насилство и агресивност меѓу најблиските членови во семејството се нарушените семејни односи, сиромаштијата, алкохолизмот и другите пороци на денешницата.

Новинар Соња Рилковска
Канал 5 ТВ

Social profiles