ОТУ „Ванчо Питошески“ го одбележа патрониот празник

ОТУ „ Ванчо Питошески“ од Охрид свечено го одбележа патрониот празник – 18 Октомври.

-Докажавме како успешно се раководи образовна институција издигнувајќи го на високо ниво воспитно-образовниот процес и во целост училиштето со тоа што изградивме цврсти и здрави личности, најголемо богатство кое може да се понесе со себе. Млади подготвени да одговарат на барањата на современите трендови на угостителството и туризмот, да се вклучат и да дадат свој придонес во туристичкиот развој, не само во Охрид туку и пошироко, рече професорот Перчо Божиноски. 

Учениците и професорите изразија почит кон патронот  со положување свежо цвеќе, историски осврт за ликот и делото на Ванчо Питошески, а  на крај 
свечен коктел со различна гастрономска понуда подготвен и послужен од страна на учениците под менторство на стручните професори.

 

Social profiles