Тешка сообраќајка во Мешеишта, возачот пренесен во Скопје

Тешка сообраќајка се случила вчера на локалниот пат во селото Мешеишта. 53 годишен жител на селото, со сериозни повреди е префрлен на клиниките во Скопје.

Според полициското соопштение, на 18.10.2017 година во 14,30 часот во с.Мешеишта -Охрид, на локалниот пат во центарот на селото, возило „Лада 110“ со охридски регистарски ознаки, управувано од В.К.(53) од с.Мешеишта, удрило во ограда од објектот на селското бифе.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот кој бил пренесен во болницата Св.Еразмо од каде е препратен во Клинички центар Скопје на клиниката за Трауматологија, изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Додаде дека на местото на сообраќајната незгода, увид извршила екипа од Полициска станица -Охрид.

Social profiles