Од денес официјално Јован Стојаноски, победникот на локалните избори, седнува во градоначалничката фотелја.
Новиот татко на градот доаѓа на местото на досегашниот градоначалник Никола Бакрачески, кој ја водеше општина Охрид 4,5 години, како кадар на Вмро Дпмне.
Од денес докторот се враќа во Заводот за кардиологија, каде претходно беше директор.
Очекувањата од новиот градоначалник, досегашниот професор на ФТУ Охрид се големи. Охриѓани бараат народен човек, отворена граѓанска општина, транспарентно работење.
По врачувањето на уверението, новиот градоначалник Јован Стојаноски и претходниот Никола Бакрачески имаа полчасовна средба и примопредавање на должноста.
По средбата, изјавија дека размениле мислења за функционирањето на Локалната самоуправа и за клучните приоритети и проекти кои се важни за развојот на општина Охрид.