Пушки и куршуми во Горенци и Требеништа

Охридската полиција, во два претреса пронајде пушки и значителна количина куршуми.

Стефан Димоски, портпаролот на СВР Охрид, информира дека претресите се извршени на 20 минатиот месец и дека против две лица од Горенци и Требеништа, се поднесени кривични пријави поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело ,,недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”. Дадава дека СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Т.(36) од охридското село Горенци како и против Н.С.(54) од селото Требеништа.
-На 20-ти минатиот месец, по писмена наредба од Судија на претходна постапка, полициските оперативци извршија претрес во домот на С.Т. во селото Горенци. Притоа, пронајдоа 3 пушки, 127 куршуми различен калибар, 3 празни кожни реденици за муниција и 2 прибори за чистење на оружје. Тој, оружјето и муницијата ги поседувал нелегално односно немал соодветна дозвола за поседување и носење огнено оружје. Истиот ден, извршен е претрес и во домот на второпријавениот Н.С. пришто пронајдени се 20 куршуми, 95 каписли за ловна муниција, барут, сачми и машина за рачно полненење на ловна муниција, изјави портпаролот Димоски.
Пронајдените предмети се одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

 

Social profiles