Нивото на Охридското езеро се уште ниско

Министерството за земјоделие ќе ја разгледува состојбата со нивото на Охридското езеро. Езерото веќе подолг период е драстично намалено блиску до нултата кота.

И денес е на 693,20 метри надморска височина,или на само 3 сантиметри до нултата кота. Ќе биде информирана и владата и ќе се преземаат идни чекори за решавање на овој проблем, најави министерот. .

-Затоа бев и во претходиот период и во посета на Охрид особено заради овој проблем и навистина како Влада ќе ги преземеме сите ингеренции кои што ги имаме. Министерството е активно и во тој дел и по согледување на сите анализи ке излеземе со конкретни предлози и и решенија, вели Љупчо Николоски министер за земјоделие.
Варијациите на нивото на езерото предизвикуваат еколошки штети врз најстарото природно езеро во Европа. Еколозите со години алармираат водениот басен да не се користи како акумулација.

–  Проблемот стои повеќе од 50 години бидејки езерото се користи за жал како акумулација на електоренергетскиот систем на Македонија. Затоа во тој поглед потребни се разговори и преговори со албанската страна за да се усогласат и методите за мониторирањ на езерото и поголема соработка меѓу двете страни ,вели Гоко Зороски еколог.

Од ЕЛЕМ смируваат, велат будно ја следат состојбата со Охридското езеро. Намаленото ниво е поради подолгиот сушен период. Од понеделник се очекуваат дождови и конечно пораст на езерското ниво.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles