Ништо од рестартирањето, хотел „Палас„ остана руина

Ништо од рестартирањето на хотелот „Палас“ во Охрид. е рестартира хотелот  “Палас”.

Паднаа во вода најавите за  реконструкцијата на  најелитниот хотел на брегот на Охридското езеро во минатото. “Палас” повторно требаше  биде елитен хотел со пет ѕвезди, со  екстра луксузен спа центар, внатрешни и надворешни базени.

Споственикот на отелот, кој лани ја покрена постапката за реконструкција, се предомислил. Кои се причините за стопирање на постапката не е познато. 

Хотелот од   2009 година е заштитен споменик на културата, но тоа не претставува пречка за неговото реновирање.

-Буквално им се дозволени секакви внатрешни измени во интерес хотелот да добие повисока категорија. Не се дозволени надргадби и доградби. Значи санација на фасада дозволена е изградба и на отворен базен во дворот и на затворен базен внатре , изјави пред една година тогашниот директор на Завод и музеј Тања Паскали Бунташеска.

Хотел “Палас” е бренд на градот Охрид, на една од најатрактивните локации во строгиот центар,  изграден пред повеќе од шест децении реновиран и доградуван до средината на деведесеттите од минатиот век. Затворен и не работи  цели шестнаесет години.

 

Social profiles