Циклон на Балканот, следуваат дождливи денови

Синоќа циклонот го зафати најголемиот дел од Балканскиот Полуостров па така во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Јадранот како и северот и делови од западот на Србија времето е врнежливо а има и локални грмежи.

Посебно нестабилно е на северен и централен Јадран каде има локална појава на невреме со интензивни врнежи од дожд, електрични празнења, ветер и локална појава на град.

Полека циклонот се спушта кон југ па така до денес  ќе стигне и кај нас. Овој циклон е активен во најголем дел од Јадранот. Во Македонија уште рано утрово имаме обилни врнежи и електрични празнења кои на места ќе бидат и во портокалова фаза на предупредување.

Извор: meteomax.mk

Social profiles