Секнаа „Билјанини извори“ во Охрид. Од 2011 година наваму,периодично се случува да пресушат легендарните надалеку познати извори.
Според експертите причина за тоа е претераната урбанизација, но и неповолните временски прилики односно слабите врнежи од дожд. Охриѓани сметаат дека изворите не смеат да бидат пресушени , поради илјадниците гости кои токму овде ја слушаат приказната за платното на Билјана.
-Билјанини извори треба да течат, бидејќи се атракција. Од друго место макар да донесат водата да е присутна редовно. 0028 Ова не прилега на Охрид, не смее да се случува вака, вели еден охриѓанец.
– Не е добро вака. Симбол си е симбол да остани симбол на градот. Името го носи на вода нема никаде, вели друг охриѓанец.
– Мое мислење е дека не е пресушен изворот. Намелен е а тие го имаат вклучено во градскиот водовод јас мислам дека не е во ред би требало барем половината да течи. Овде идат туристи идат специјално со шишиња со билуци ама ко ке додјат ко ке видат викаат што е ова? Ние мсилевме којзнае што се Билјанини извори?, вели трет охриѓанец.
Неретко во водата на атрактивните извори виреат и бактерии , при што е забранета за пиење.
– Имавме и таму знаете променлив квалитет кога има кога нема загадување што зависи се од нивото на водата од тлото каде се движи водата просторот околу како се стопанисува со изворите итн. Тоа е нормално за дискусија малку поширока и каде ке бидат вклучени хидролози, биолози и да се види состојбата зошто во овој период се уште нема вода, вели Сашо Точков директор на Центар за јавно здравје.
Во недостиг на вода во басените „Беј бунар“ градскиот водовод ја користи водата од Билјанини извори.
Новинар Соња Рилковска
Канал 5 ТВ