Повредени работници што го граделе автопатот Кичево-Охрид

Двајца работници што работеле на автопатот во изградба Кичево-Охрид се повредени вчера кај местото Лавчани.

Според полициското соопштение, на 22.10.2017 година околу 12.30 часот, при изведување на градежни работи на автопатот во изградба Кичево-Охрид, на место викано „Лавчани“,  работниците М.А. (53) од Дебар и В.Љ. (57) од с.Могорче, дебарско, биле удрени од црево кое било под дејство на компромиран воздух.

-Двајцата повредени работници се пренесени во Медицински центар Кичево каде им била укажана лекарска помош. Кај лицето М.А. биле констатирани тешки телесни повреди на главата, по што бил препратен во Ургентен центар Скопје, а кај В.Љ. биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска бил пуштен на домашно лекување, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево.Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Social profiles