Зошто М.Н. од Струга му се заканал на сообраќаецот?

Стружанец му се заканал на сообраќаен полицаец од струшката сообраќајна полициска станица.

40 годишниот М.Н.од Струга жестоко вербално го нападнал сообраќајниот полицаец па дури и упатил сериозни закани по неговиот живот. Тоа го направил откако полициски службеник го предупредил М.Н.да го тргне погрешно паркираното возило, по што тој му упатил навреди и сериозни закани по животот. После тоа влегол во возилото и се одалечил од местото на настанот.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, информира дека настанот се случил на десетти овој месец на улицата „15 Корпус“ во Струга каде полицискиот службеник го забележал погрешно паркираниот автомобил. Тој не го казнал туку само го предупредил М.Н. да го тргне погрешно паркираното возило по што тој започнал да го навредува полицискиот службеник и да му се заканува по неговиот живот.
-Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против М.Н.(40) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,загрозување на сигурноста“, изјави портпаролот Димоски.

Social profiles