Продолжуваат здравите рецепти на Охриднет и Билјана Јанеска. Објавуваме рецепти и совети со кои ќе ја подобрите вашата здравствена состојба.
,,Ние сме она што јадеме…..телото само може да се излекува од сите болести само преку начинот на исхрана”….
Основа на рецептите на Јанеска, жената херој која повеќе од две години е на Герсон терапија и ја победи најтешката болест , се органското овошје и зеленчук.
Овој пат одличен веге рецепт за Карфиол во BBQ сос.
Карфиолот го делиме на парчиња и го подготвуваме сосот.
За BBQ сосот ни е потребно:
Маслиново масло околу еден филџан, јаворов сируп пола филџан, мало лажиче куркума, пола мало лажиче црвен пипер, сол, црн бибер ( обавезно заради куркумата), може малку чили или некој друг вам омилен зачин.
Се меша и секое парче карфиол се увалува во сосот, па се реди на тавче.Се пече во загреана рерна, кога ке зарумени се вади.
Може да се сервира и како предјадење, како прилог или главно јадење. За мене е одлична вистинска замена за месо. Карфиолот добива некој нов вкус, а сосот после печенјето е фантастичен.
Со овој сос можете и цела главица карфиол да испецете и тоа јаденје веганите го викаат “пецена кокошка” на скара. Само треба од сосот повремено да ја преливате главицата карфиол во текот на печењето.
Како прилог можете да ставите кромид со кој сте ја “измиле” тавката, патлиџан, пиперка, било каква свежа салата..
Секој ваков веге оброк, спасува една душа!
Фотографии: