ФОТО: Охрид- град на предаватели за мобилна телефонија

Охрид „врие“ од предавателни станици за мобилна телефонија, поставени на индивидуални или колективни станбени објекти.

Предавателни станици за мобилна телефонија има над старата охридска чаршија, на колективна стамбена зграда на улицата „Партизанска“, на куќа на улицата „Марко Нестороски“ но и на булеварот „Македонски просветители“ над зградата на полицијата.Различни се мислењата на граѓаните во однос на поставените антенски предаватели. За едни нема место за загриженост од електро магнетни зрачења а за други, голема е опасноста по здравјето на луѓето од штетните јонизирачки зрачења на предавателните станици. Неодамна жители од Влашка Мала изразија јавно негодување во врска со поставен антенски столб на приватна куќа а истото ќе го направат и денеска со мирен протест барајќи дислокација на предавателната антена за мобилна телефонија. За овој проблем, час поскоро треба да се изјаснат и заложат за соодветно решавање, не само локалната самоуправа туку и надлежните подрачни министерства.Граѓаните треба да знаат дали антенските предавателни станици и нивното поставување во урбани населени места е во согласност со закон и дали се навистина штетни по човечкото здравје. 

  

Social profiles