Група пратеници од владејачката партија поднесоа предлог-закон за измени на Законот за пушењето. Тоа ја разбранува јавноста, која веќе се навикна на придобивките од тоа да не се пуши на јавни места.
Една од главните причини што се истакнуваат за потребите од измени била „драстично намалената посетеност на угостителските објекти. Измените, меѓу другото, предвидуваат терасите да можат да бидат целосно затворени и таму да се пуши, а угостителите можат да оспособат најмногу 30 отсто од просторот на својот објект внатре каде што ќе може да се пуши.
На социјалните мрежи секојдневни препукувања и петиција против измени во законот за пушење.
Петицијата против новите измени за Законот за заштита од пушењето кои предвидуваат во рестораните во кои се служи храна да не биде дозволено пушење, додека сопствениците на кафулињата сами да одлучуваат дали ќе се пуши за само 15 часа ја потпишаа речиси 4.000 граѓани.
Петицијата на овој линк
Од владата дополнително посочија дека во прв план ќе го стават здравјето на граѓаните, потенцирајќи дека нема да носат избрзани одлуки, без широк граѓански консензус. Најавуваат јавна дебата во која ќе бидат слушнати сите засегнати страни.
Неколку дена потоа, премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите најави комплетна либерализација и право на избор по ова прашање.