ФОТО: Внимателно возете! Излизган камион на „Стража“

АМСМ препорачува внимателно возење особено на одредени делници. Вчера попладне на превојот „СТража“ беше излизган камион. 

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. 
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

 

Social profiles