Конкурс: „ ЕСЕНТА СО СВОИТЕ НАЈУБАВИ БОИ БЛИКА, ВО ПОЛИЊА И ГРАДИНИ НА БЕРБА ВЕ ВИКА “

Обајевн ликовен и литературен конкурс на тема „ ЕСЕНТА СО СВОИТЕ НАЈУБАВИ БОИ БЛИКА, ВО ПОЛИЊА И ГРАДИНИ НА БЕРБА ВЕ ВИКА “

Овој еко проект е во соработка со основните училишта на територијата на Општина Охрид заради одбележување на Есенската рамноденица – почеток на есента 23-ти септември. Право на учество имаат сите деца на возраст од 6 до 14 години, ученици во основните училишта на територијата на Општина Охрид.

Човештвото се соочува со намалување на зелените површини,а целта на овој проект е унапредување на просторот со зеленило и цветни површини со што ќе се овозможи подобрување на квалитетот на воздухот , подобрување на квалитетот на живот во градските подрачја и унапредување на животната средина.Секоја индивидуа со доволна волја без оглед на возраста може да даде свој придонес во зачувувањето на чиста и здрава животна средина. Од најмали нозе треба да се едуцираме како да штедиме енергија, да ги зачуваме воздухот и водата чисти и да ги штедиме нашите природни ресурси. Затоа секој во својата најблиска околина може да создаде убаво катче исчистено од смет и уредено со зеленило и цвеќиња со што ќе го оплемени просторот, а природата самата во различните годишни времиња ќе создаде прекрасен амбиент. Тоа е темата на годинашниот ликовен и литературен конкурс „ ЕСЕНТА СО СВОИТЕ НАЈУБАВИ БОИ БЛИКА, ВО ПОЛИЊА И ГРАДИНИ НА БЕРБА ВЕ ВИКА “

Social profiles