
Охрид со низа настани овој празничен викенд ја продолжува туристичката сезона. Покрај тоа што во сабота ќе се одржи Охридскиот пливачки маратон, од четврток се организира првиот вино фествал во градот.
Предвидени се повеќе концерти, изложби, спортски натпревари и промоции.
-Многу содржини во овие четири денови и настани кои што ќе привлечат многу гости и туристи. Се ндевам ќе биде пример како за наредното лето да се организираме можеби не во истиот период туку малку порано да имаме доста настани и содржини со кои ќе привлечиме токму веќе кога привршува туристичката сезона што овеќе гости да додјат во нашиот град, вели Кирил Пецаков градоначалник на Охрид.
На првиот вино-фест, кој ќе трае три денови ќе има промоција на македонските и охридските автохтони вина и богата музичка програма.
Ќе донесеме десетина винарии македонски и неколку увозници на вино. Исто така 0404 вина ќе има и од Шпанија така да мислам дека ќе има една голема понуда на вина, да се проба, да се дегустира вино“, вели Пане Темов организатор на вино-фест Охрид.
Осум пливачи од пет различни змеји ќе учествуваат на овогодинешниот Охридски пливачки маратон, кој ќе е збогатен со концерт, изложба на стари фотографии и проекција на документарен филм за охридските пливачки легенди.
-Во склоп на маратонот организиравме дополнителни содржини кои ќе се одржуваат оваа година, се со цел да му дадеме сјај на маратонот да го вратиме сјајот кој беше игубен во минатото. Во четврток на осми на плоштадот Табана ќе се направи презентација на сите пливачи и ќе имаме изложба на стари фотографии“ вели Ристе Јанкоски организатор на Охридскиот пливачки маратон.
Општина Охрид со силна поддршка на бизнис секторот успеа годинава да го организира Охридскиот пливачки маратон, после неговото откажување од страна на Националната пливачката федерација .
Новинар Соња Рилковска