
Голем интересот за посета на градските Музеи во Охрид. По повод Денот на независноста вратите на музејските објекти денес беа отворени и бесплатни за посетителите. Охриѓани, домашни и странски гости се запознаа со богатото културно историско наследство во земјава.
Во охридската резиденција „Куќата на Робевци“ гостите имаа можност да прошетаат низ вековите, да ги видат епиграфските споменици, археолошкото наследство, етнолошките поставки, охридската резба и златната соба
-Со оглед на овој период од денот од досегашното искуство можам да кажам дека е задоволително солидно. Посебно имаме повеќе странски посетители и пријатно изненадување кај нив кога ќе им кажеме дека подари празничниот ден влезот е беслатен, вели Розана Наумоска етнолог во музеј.
Покрај музејот – Куќа на Робевци, денес слободен влез има и во Галеријата на икони, Самоиловата тврдина и Музејот на вода во Градиште.