Во петок 34 то издание на Охридски староградски средби

Во петок (16 септември) ќе се одржат 34 те Охридски староградски средби.

Охридски староградски средби е фестивал во организација на Националната установа Центар за култура “Григор Прличев”- Охрид што ги афирмира вредностите на староградскиот мелос и ги обновува по долгогодишна пауза старите добри градски музички традиции. Програмски квалитет што значи вредносно продолжување на традициите што датираат од пред неколку века. Придонес во незаборавот на старите, автетнични песни, навраќање во богатата градска ризница на традициите од минатите векови.

Манифестацијата ќе се одржи пред платото на Центарот за култра Охрид, со почеток во 19 часот.

Влезот е слободен.

Social profiles