Анкета: Со вакви високи цени нема празнична трпеза

Нема пад на цените на основните прехрембени продукти. Вака граѓаните го коментираат најавеното намалување на производите низ маркетите, од страна на Владата на почетокот на декември.
Дел од граѓаните велат цените се незначително намалени, но на одредени производи се бележи и раст, односно има ново поскапување. Од она што ние го забележавме во дел од маркетите намалени производи има како дел од празнична промо-акција, а останатите ја држат старата цена.

Граѓаните се жалат, велат со вакви високи цени тешко ќе подготват пристојна празнична трпеаза.

-Јас колку што можам да забележам нема намалување на цените. Многу лесно се дигаат цените, а за да се вратат назад тешко. Ккао потрошувачи ние воопшто не сме задоволни поради тоа што мерките не се почитуваат од страна на трговците, вели еден стружанец.
-Ништо не е поевтинето, дури мислам дека има одредени производи кои се поскапени. Еве само видете по маркетите колку е лебот, се е поскапо“, вели друг граѓанин.
-Ништо не е поевтинето, се полошо доаѓа, не иди поубаво. Цените не мрдаат, оди в продавница лебот иста цена остана, маслото исто. Се‘ што гледам во маркетите се‘ остана иста цена, нема промени, вели трет граѓанин.
-Јас мислам дека воопшто нема ниту да се поевтини. Ова вака како што е тргнато, со оваа скапотија не манипулираат, нема поевтинување, тешко, вели еден стружанец.

Државниот пазарен инспекторат пак, констатирал благ тренд на намалување претежно во градови од внатрешноста на државата. Од таму велат има намалување на лебот за 3 до 5 денари , на млеко за 2 до 9 денари во различни маркети и од различни производители, на сувомеснати производи од еден домашен производител од 7 до 8 %, на кашкавал и сирење исто во толкав процент, на масло за јадење кој е во постојан тренд на опаѓање сега за 4 денари.

Граѓаните да не очекуваат намалување на цените да биде 40 или 50 отсто, туку од 7 до 12 % рече министерот за економија Крешник Бектеши, кој најави дополнително намалување откако ќе им завршат залихите на производителите набавени по повисока цена.
Граѓаните велат не можат да си ги дозволат основните продукти, ниту пак да почуствуваат празнична атмосфера бидејќи инфлацијата им ги „изеде“ платите.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles