Јаневски: Ја испраќаме 2022 година со успешни резултати во македонскиот туристички сектор

Директорот на Агензијата за туризам Љупчо Јаневски за новогодишното издание на Охриднет вели „ја испраќаме 2022 година со успешни резултати во македонскиот туристички сектор“.

Полека но сигурно ја испраќаме 2022 година со успешни резултати во македонскиот туристички сектор за кој сум сигурен дека со повеќе од 450 милиони долари прилив во македонската економика е најуспешната досега.
Успеавме со поставување на првите тули во градење на новата реалност во туристичката индустрија во Македонија и покрај испреплетените предизвици кои успеваме да ги решиме заедно и со многу секојдневни индивидуални победи да ја надминеме зацртаната цел.
Годината пред нас ни поставува нови Цели:
продолжување на растот во македонскиот туризам за 15-20%
надминување на 1/2 милијарда $ во македонската економија од туризмот
комплетна дигитализација на секторот до 2025 година,
туристичка сигнализација на целата територија
државна кампања за промоција на
македонските туристички потенцијали во 2023
започнување на проектот 50 туристички приказни за 50 рурални села во Македонија
развој на верскиот туризам
прераснување на АППТ во НТО
создавање со туристичкиот сектор на нов модел на субвенционирање во 2024 година
министерство на Култура и Туризам во 2024 година
туристичко брендирање на дестинацијата
создавање на четири Дестинациски менаџмент организации-ДМО за подобро управување на дестинацијата во 2024 година
зајакнување на човечките ресурси во туристичко-угостителскиот сектор
Затоа ги повикувам сите искусни туристички работници кои низ годините го граделе туризмот во Македонија, стручната и научна фела, коморите и асоцијациите,туристичките работници, туристичките водичи и многу други со нашата работа и искуство да дадеме пример како се сака и гради државата низ секојдневни победи.
Немаме што да чекаме друг затоа што никој нема да ја заврши нашата работа а секој пропуштен ден не одалечува од ЦЕЛТА!

Посакувам во новата 2023 година да започнеме по вистинскиот пат кој сите заедно ќе го изодиме создавајки чувство на државност израснувајки во вистински борци.затоа приватниот и деловниот план треба да ги споиме со секојдневни мали победи кои ќе не носат кон победите кои сами мораме да ги извојуваме. Во 2023 година покрај здравјето посакувам да излеземе од лимбо состојбата во која очекуваме некој друг да ни ги заврши нашите работи и да градиме иднина за нас и поколенијата кои треба да не наследат

Social profiles