Богата музичка програма на Вевчанскиот карневал годинава

Се‘ е подготвено за Вевчански карневал – најпознатиот бренд на Македонија, што традиционално ќе се одржи од 12-ти до 14 Јануари.
Ќе настапат Ласт Експедишн, Брука, ФИЦ и Д’ ИНВИЗИБЛ, ДНК, Некст Тајм, Баклава, Гиш, Прпл Цепелин, Банда Ентопика, Нино Величковски со кумановските тамбураши и локалната ѕвезда Перо Бели.
Од Општина Вевчани најавуваат уште едно издание со богата културно уметничка програма која ќе ги задоволи вкусовите на сите посетители.

-„Ќе има забавен дел и на 12 и на 13 нормално знаете вевчанскиот карневал на 13 и 14 веќе постапката во македонија секому му е јасна околу Вевчанскиот карневал. Значи како што ќе има музички дел со повеќе групи. Оваа година на 13 ти ќе има и некои изненадувања. “, вели Спасе Кочоски градоначалник на општина Вевчани.


Вевчанци верни на традицијата, маските се подготвени, но до 13 јануари до самото дефиле се држат во строга тајност. Така е со векови. Карневалот се смета за една од најстарите традиции во земјава.


-„Очекуваме поголем број на гости, времето е убаво, а Вевчани е отворено и подготвено. Стандардно како и секоја година ќе има многу забаваа а се надевам дека сите ќе се задоволни “, додава Кочоски.


Традиционалното дефиле на маски, ќе се случи околу пладне на 13 јануари, а завршува следниот ден со палење на маските. Пишаните извори сведочат дека Вевчанскиот карневал е стар најмалку 1.500 години, но постојат археолошки наоди кои упатуваат дека карневалот постои околу 2200 години. Денес карневалот е интересно и необично преплетување на паганските со христијанските обичаи.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles