
Во падините на Јабланица започна карневалското лудило. Вевчани денес наликува на слободен театар без граници со многу хумор и сатира.
Зурли, тапани, стотици маски продефилираа низ вевчанските улици. Покрај традиционалните зетот и невестата, Глупавиот август и ѓаволите, Во фокусот на карневалот годинава е економската криза, инфлацијата, војната во Украина, спорот со Бугарија и евроинтеграците на земјава.
Првиот човек на општина Вевчани ја повика јавноста да не замерува за маските, василичарите немаат намера да навредат .
Вевчанскиот карневал привлекува голем број туристи од земјава и светот, но и новинари и фотографи кои се воодушевуваат од изворната традиција.
„Некој ми ги покажа фотографиите од Вевчанскиот карневал се воодушевив колку е уникатно и старо ова карневалско случување, кое ја продолжи традиуцијата и во време на пандемијата и затоа дојдов“, Герен Смит фотогртаф од Амстердам.
Вевчанци со карневалот ја слават Стара Нова година, со маските и ритуалите се обидуваат да го избркаат злото.
Пишаните извори сведочат дека Вевчанскиот карневал е стар најмалку 1.500 години. Денес карневалот е интересно и необично преплетување на паганските со христијанските обичаи.Карневалот завршува утре со последното василичарско оро и ритуалното палење на маските.
ВИДЕО:
Новинар Соња Рилковска