
На протестите во Бугарија денес, во знак на поддршка на прететпаниот секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ , испратени се низа обвинувања на адреса на македонската полиција и СВР Охрид.
Најостро ги демантираме дезинформациите изнесени од поединци на протестот во Бугарија и уште еднаш ја известуваме јавноста дека МВР односно СВР Охрид во координација со надлежното обвинителство ги презеде сите неопходни мерки и активности за расчистување на нападот врз Х.П. Веќе се приведени три лица, а по насоки на ОЈО продолжуваме со преземање на дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот.Сите информации се јавно објавени и достапни и вакви дезинформации прават штета и подгреваат нетрпение и недоверба помеѓу граѓаните, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Неколку бугарски здруженија денеска го организираа протест пред зградата на Европската комисија во Софија за поддршка на претепаниот секретар на бугарскиот клуб „Борис Трети“ во Охрид.
Организаторите бараат реакција од бугарските институции за да ги осигураат правата на Бугарите во Македонија а истото го бараат и од европските институции.
22 годишниот Христијан Пендиков беше нападнат пред угостителски објект на кејот во Охрид.
По реакцијата на дел од бугарската влада, Пендиков со владин авион беше пренесен на лекување во болница во Софија. Јавното обвинителството синоќа одреди мерка притвор за напаѓачот на секретарот на културниот центар.