Охридската библиотека „Григор Прличев“, утревечерво 19 часот, ќе го промовира проектот „Мултикултурна повеќејазична дигитална библиотека“.
Се работи за проект на фондацијата „Македоника“ од Скопје во соработка и финансиска поддршка на „Цивика Мобилитас“програмата за поддршка на граѓанското општество. Проектот ќе трае до 31 мај идната година при што многу автори за прв пат, ќе можат да ја објават својата поезија, проза, драма и други свои дела.Во рамките на проектот „Мултикултурна повеќејазична дигитална библиотека“ ќе биде организиран и социјален chat форум,каде, читателите ќе коментираат по објавените дела. За најдоброто дело, оценето од читателите, е обезбедена награда електронски таблет.