25 годишен охриѓанец извадил нож во пекара во Охрид и побарал пециво одбивајќи да плати.
Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид соопшти дека СВР Охрид поднесе кривична пријава против A.Д. (25) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “загрозување со опасно орудие при караница или тепачка”. Димоски кажа дека настанот се случил на 06-ти мај годинава околу 01 часот и 20 минути,откако пријавениот дошол во пекарата Лихнидос лоцирана во ТЦ Амам и барал од продавачките нешто за јадење без да плати.
Еден од вработените кој што работел внатре во пекарата откако тоа го видел тоа се јавил на својот татко Д.Ф. (42) по што Д.Ф. веднаш тргнал кон пекарата, но бил пресретнат од пријавениот кој во раката држел нож почнал да вика на висок тон и да му упатува закани и навреди, затоа што наводно продавачките во пекарата не му давале јадење. Д.Ф се обидел да го смири по што тој го ставил ножот во џеб, но во еден момент со тупаница го удрил по лицето по што побегнал. Д.Ф. се упатил во Општата болница заради укажување на лекарска помош по што настанот го пријавил во полција.